Платини-Тие што ме суспендираа се паразити и кловнови

Платини-Тие што ме суспендираа се паразити и кловнови


По две години молк, поанешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини конечно проговори за суспензијата од ФИФА поради случајот со наводно мито од два милиони евра.

Платини од етичкиот комитет на ФИФА во декември 2015 година го суспендираше заедно со тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и тогаш им беше изречена суспензија од осум години поради кршење на етичкиот кодекс. Истрагата открила дека Блатер на Платини му платил два милиони евра за консултантски услуги од времето на првиот мандат на Швајцарецот на чело на светската организација. Поради тоа што договорот бил усмен, го прекршиле етичкиот код.

По суспензијата од осум години, со жалба истата му била намалена за две години, а потоа на Арбитражниот суд во Лозана за уште две години. Но, француската легенда водеше правна битка во швајцарските судови, кои го одбија барањето да се врати во фудбалот, па за да ја докаже својата невиност и тоа преку европскиот суд за човекови права во Стразбур

„Не ја прифаќам казната зашто не сум виновен. Не признавам пораз, зашто не направив ништо лошо и сега поради тоа јас морам да се бранам од преварантите од Цирих и од ФИФА, додавајќи дека „судиите“ во ФИФА и во КАС (Лозана) не се вистински судии: Кои се тие кловнови кои ми забранија да работам во фудбалот на четири години. Платини е сведок во процесот на на Блатер кој се води по швајцарските судови околу таа нелојална исплата „Сето ова е завера против мене, за да не станам претседател на ФИФА. Мојот пат до правдата допрва почна. Јас сигурен сум на крајот дека правдата ќе победи“, додал Платини

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно