Питачењето е подобро од новинарството

Питачењето е подобро од новинарството


Новинарството како професија доживеа уште еден бродолом и тоа на јавна сцена во емисија на прилепската ТВ Визија.

Новинарката на оваа куќа јавно се пазареше со градоначалникот Јованоски и бараше пари за да известуваат од неговите и активностите на општината. Сепак, за нас остана нејасно на што се однесуваше и одговорот на градоначалникот и што мислеше со изјавата-колку ќе сработите, толку ќе ви платиме? Што се плаќа или плаќало во оваа локална самоуправа и овој медиум? Информирањето? Или што?

Државата Македонија, го уништи новинарството.Тоа се претвори во борба за политичка функција особено портпаролство.Во другите градови освен Скопје медиумите еден по еден се затвораат, а новинарите останаа на улица.Ниту синдикат, ниту новинарски здруженија, ниту било кој се грижи за новинарите и честа на оваа професија.Не е за изненадување што дилетанти се пред камери или микрофон.Не е за изненадување што новинари мислат дека се главни ѕвезди, и не е чудно што питачењето е подобро од новинарството.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно