Писмо до Заев.

Писмо до Заев.


Зорица Лазаревска, поради тоа што откри многумина кои во МВР пливаат во криминал, го плаќа цехот.Таа му пиша на премиерот Зоран Заев

Почитуван господине премиере:

1.дали јас Зорица Лазаревска со моите работни задачи сум откривала во повеќе наврати кривични дела од повеќе вработени меѓу кои и високи функционери?

2.  Дали потоа сум киднапирана за да не изнесам докази?

3.  Дали сум потоа разместена на работно место што не постои, па работев како хигиеничарка полни 3 години до правосилна судска пресуда.

4.  Дали во меѓувреме сум пуштана технолошки вишок со малолетно 11 годишно сираче признавајќи дека тоа место не постои, но потоа откако поднесов тужба ми е изготвено пак решение кое сами го прогласија дека не постои?

5.  Дали на работното место каде работев како хигиеничар имаше нарачан физички напад од непосреден старешина?

6 Дали од истиот завршив на инфузија и останав повеќе месеци на боледување?

7. Дали истиот физички напад беше сокриен од високи функционери во МВР-од кои дел се и сега помошници на министерот Оливер Спасовски и од истите беше покренато предлог за мое отстранување од работа, зошто не сум се јавила на работа додека бев на инфузија на клиника и дека не сум доставила боледување за 3 месеци, а боледувањето и за последниот месец -3 ми е одбиено  заклучно на плата во јуни, а предлогот го поднесуваат на 14 јули?

Да напоменам дека и сега постојат докази и во книгата за настани и повеќе службени белешки од повеќе службени лица од лице место и од клиника додека бев на инфузија.

8.  Дали предлогот за отстранување од работа ми беше заменет со 6 месеци намалена плата од 15% и истите пари ми беа одбиени?

9.Дали на колегата што го открив дека лежи во затвор за убиство му се уплатуваа сите придонеси како да е на работа?

10. Дали место нему мене ми бришаат дел од надворешен стаж кој во листите за плата во МВР постоел од првиот месец кога сум вработена во МВР на 12.04. 1982 година па се до 2005 година, а во ПИОМ постои и сега?

11.Дали тогашен висок функционер и сега помошник на актуелниот министер на МВР, Оливер Спасовски ми го уништува пописниот материјал и ми подметнуваат нов невалиден, кој јас одбивав да го потпишам?

12. Дали во МВР се изготвувани решенија за пензија како овластени работници, а истите ниту работеле  како овластени лица ниту полагале за овластување?

13.Зошто сум единствената која и со решение и работни задачи сум извршувала како овластен работник, а решение ми е изготвено како неовластено лице?

14. Дали откако ќе се поништи едно решение од државната второстепена комисија останува да важи претходното

15. Дали може правна служба да носи после поништеното ново решение кое ќе има важност три месеци пред истото да биде донесено….

На крај, барам да ми се изготви законско решение за пензија и да ми се врати лебот горко заработен, зошто здравјето ми е крајно нарушено и со месеци сум и без леб и без лекарства, одвреме навреме кога болките не можам да ги издржам одам на ургентен примам инекции и се вракам.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно