Пет работи за ДАВОС

Пет работи за ДАВОС


Филмската ѕвезда Кејт Бланшет, кантавторот Елтон Џон и боливудската ѕвезда Шах Рук Кан за својата работа на заштитата на човековите права се годинешните добитници на наградите на Светскиот економски форум (ВЕФ) Еве пет нешта за ДАВОС

Што е Давос?

Давос е кратенка за Светскиот економски форум, а во 1971 година го основа германскиот економист Клаус Шваб како форум преку кој европските корпоративни лидери можат да учат од своите американски колеги.

Политичките лидери почнаа да учествуваат на форумот кон крајот на 70-тите и од тогаш се трансформираше во годишен собир на кој светската елита, придружена од интелектуалци, активисти, славни личности а понекогаш и активисти, расправа за светските проблеми.

Кој доаѓа на ВЕФ?

Подобро е да се праша „Кој не доаѓа“. Меѓу 2.500 учесници и 70 светски лидери, индискиот премиер Нарендра Моди годинава е првиот голем говорник кој го отвори форумот.

На Форумот учествуваат сите европски лидери, меѓу нив францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Голем број учесници доаѓаат од Африка. Меѓу нив е Емерсон Мнангагва кој го наследи Роберт Мугабе во Зимбабве, а од Јужна Америка доаѓаат, меѓу другите, претседателите на Бразил и Аргентина.

Учествуваат и истакнати научници, експерти, интелектуалци, како Израелецот Јувал Ноа Харари, авторот на делото „Хомо Деус“, психологот од Харвард Стивен Пинкер и младата пакистанска добитничка на Нобеловата награда за мир Малала Јусуфзаи. Австралиската глумица Кејт Бланшет во понеделникот ја доби својата награда за работата со белаците од сопствените домови. Елтон Џон е награден за хуманитарната работа во својата фондација за борба против сидата, а боливудската ѕвезда Шах Рук Кан за предаденоста во заштитата на жените и децата во Индија.

Но, под рефлекторите најмногу ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп кој треба да ја затвори конференцијата со говор во петок. Неговата мантра „Америка на прво место“, со која победи на изборите, е антитеза во светот на слободниот пазар и на вредностите кои традиционално ги заговараат учесниците на форумот – слободната трговија, отворените граници и почитувањето на културата на разноликост.

Што е на дневниот ред?

Темата на годинешниот ВЕФ е „Да изградиме заедничка иднина во раскршениот свет“. Програмата е богата и набиена со низа манифестации од работни појадоци, семинати и округли маси до полноќни коктели, проекции на филмови, медитации и вежбање јога.

Во расправите учествуваат светските лидери од светот на финансиите, економијата, науката и уметноста. Многумина ќе учествуваат во расправите за „Четвртата индустриска револуција“, поточно за тоа како да се подготват работниците да ја преживеат автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција во светот на трудот.

еостратегиските предизвици во „ерата на Трамп, брегзитот, како да се разликуваат фактите од фикцијата во ерата на „лажните вести“, употребата на вештачката интелигенција во здравството и борбата против „некоја идна пандемија“, ризиците на финансиските пазари и како да се направи стопанскиот раст инклузивен и иднината на храната беа темите само на првиот ден од собирот.

Ќе се расправа за родовата еднаквост и движењето „И мене исто“ (#metoo), кое го стави во фокусот половото вознемирување и разните облици на малтретирање на жените. Имајќи предвид дека жените се само петтина од учесниците на Форумот, организаторите инсистираа на тоа да се вклучат во расправите за прашања на родовата рамноправност.

Предвидена е и расправа на темата „Еден ден во животот на бегалецот“, во која е тешко да се замисли учество на Трамп, кој нема да биде заинтересиран ни за панелот за климатските промени во кој ќе учествува поранешниот американски потпретседател Ал Гор.

Опуштањето на форумот во Давос

Опуштањето во вистинска смисла на зборот не е тешко во Давос, највисокото алпско село во Швајцарија кое годинава е затрупано со снег. Временските неприлики го нарушија железничкиот и патниот сообраќај кон Цирих, но тоа не треба да е проблем за гостите кои во монденското одморалиште пристигнуваат со хеликоптери.

Обичните учесници на собирот, ако имаат среќа, ќе можат во толпата да сретнат и славни личности, некои од нив и безобразно богати, да се дружат на разните национални закуски, коктели и слични настани кои ги приредуваат корпорациите и одделни држави.

Кој не е поканет?

Околу 4.000 швајцарски војници и полицајци се грижат за безбедноста на собирот во Давос. Група млади социјалисти планираат собир во самиот Давос во четврток кога се очекува да пристигне Трамп. тие би требало да бидат гласот на речиси 17.000 луѓе кои ја потпишаа петицијата со која Трамп се прогласува за непожелна личност во Швајцарија.

Во целиот свет ќе се одржат низа манифестации со кои активистите сакаат да предупредат на нееднаквоста во приходите и можностите кои го делат светот меѓу „еден отсто“ на оние кои учествуваат на форумот во Давос и големото мнозинство на човештвото кое таму нема пристап.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно