Пет години чувал бомба во куќа во Росоман, без око да му трепне, сопругата го пријавила!

Пет години чувал бомба во куќа во Росоман, без око да му трепне, сопругата го пријавила!


Лице од Росоман преку пет години чувал бомба во куќа на неговата сопруга. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој информира дека вчера во ПС ОН Кавадарци жена од Росоман пријавила дека во нејзината куќа нејзиниот сопруг околу пет години чува бомба.

– Полициски службеници од ПС Кавадарци излегле на лице место и во една од собите во куќата на пријавителката е пронајдена експлозивната направа. Бомбата е одземена и предадена за ништење на службите од Дирекцијата за заштита и спасување, нагласува Додевски.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно