Песни Бог и верата

Песни  Бог и верата


На многу луѓе им е тешко да ги поврзат поп-песните со религиозни теми. Сепак, постојат многу примери во кои мејнстрим-уметниците се насочувале кон Бог и верата. Ова се некои од нив.

1. Лени Кравиц, „Are you gonna go my way“Инспирацијата за песната Лени ја добил во еден миг и стиховите веднаш ги запишал на хартиена кеса - тие одговараат на неговите религиозни чувства.

Оваа рок-ѕвезда има тетоважа: „Моето срце му припаѓа на Исус“, а самиот Кравиц го нарекувал Исус ултимативната рок-ѕвезда.

2. U2 - „Until the end of the world“Многу религиозни теми се провлекуваат низ песните на „Ју-ту“. Многу песни на овој бенд се базираат на религијата. Неговата наративно најсилна песна е токму „Until the end of the world“. 

3. Тhe Byrds - „Turn!Turn!Turn!“ Големиот хит на оваа група од 1965 година го претставува третото поглавје на „Книгата на спасителот“, во која главниот лик ја истражува смислата на животот, Бог и вечноста.

4. Принс - „Let's go crazy“За оние што се на патот кон правдата, наградата е задгробниот живот. Принс оваа песна ја снимил како доста религиозна, но многумина ќе речат дека религијата никогаш не била толку забавна.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно