Патувајте цела година низ светот и при тоа за месечн плата од 2.500 евра

Патувајте цела година низ светот  и при тоа за месечн плата од 2.500 евра


Замислете цела година да можете да патувате низ светот. Плус замислете за тоа некој и да ви плаќа! Ви се чини неверојатно?! И нам ни изгледаше така, но сепак во овој случај неможното стана можно!

World Life Experience, организација со седиште во Лисабон, бара 11 лица кои цела 2019 година ќе ја поминат патувајќи низ светот, при што ќе откриваат, ќе се запознаваат и заедно ќе работат со многу локални личности и организации. Она што е важно во оваа приказна е фактот дека сите трошоци ќе бидат покриени, а за патувањето ќе бидете и платени, па единствено што треба е да имате слободно време и да ја пополните пријавата најдоцна до 20 јули оваа година.

Идејата не е нова затоа што оваа година веќе се случува „првото издание“ на ова волшебно патување, кое почна во јануари. Единаесет среќници во овој момент веќе патуваат, а на своето патување ќе поминат 3 континенти и многубројни држави. На патувањето што ќе почне следната година ист број среќници ќе имаат можност да посетат 5 континенти, во секој град  што ќе го посетат ќе се задржат по две недели, а за тоа време ќе работат, ќе учат, но и ќе се забавуваат. Избраните за тоа време ќе добиваат и плата во износ од 2.500 евра!

Условите за пријавување е патниците да не се помлади од 21 и постари од 39 години. Исто така, мора да бидат одговорни, толерантни, комуникативни, проактивни и флексибилни, а покрај сето тоа треба да бидат и подготвени за тимска работа. Сите избрани ќе бидат од различни националности, а своите искуства од патувањата ќе ги споделуваат преку социјалните мрежи. Се бара и високо ниво на познавање на англискиот јазик, а на патување ќе бидат од почетокот на јануари до крајот на ноември.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно