Парите го уништија фудбалот

Парите го уништија фудбалот


Арсен Венгер се пожали пред новинарите дека финансиската моќ на одредени клубови ја уништила неизвесноста во најквалитетните фудбалски лиги во Европа.

Французинот ги посочи примерите во четири од петте најсилни првенства во Европа, меѓу кои и англиското каде неговиот Арсенал е далеку зад лидерот Манчестер Сити.

– Погледнете ги петте најсилни европски национални лиги, во декември веќе беа познати четири шампиони. Тоа покажува дека нешто не е како што треба во нашата игра, големата финансиска моќ на одредени клубови фактички го уништува натпреварувањето и неизвесноста, – потенцира Венгер.

Во Шпанија, Барселона има 11 бодови повеќе од Атлетико Мадрид, ПСЖ има иста предност во Франција, Баерн Минхен располага со 16 бодови предност, а Манчестер Сити има 15 бодови повеќе од второпласираниот Јунајтед. Вистинска неизвесност има само во Италија каде во моментов Наполи има еден бод повеќе од Јувентус.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно