Папата тврдел дека пекол не постоел

Папата тврдел дека пекол не постоел


Пеколот не постои, она што постои е исчезнувањето на грешните души, цитира Скалфари.

Легендарниот 93-годишне италијански новинар Еугенио Скалфари, основач на левичарскиот весник „Ла Република“ и самопрокламиран неверник, го цитира папата Франциско како го опишува создавањето, изразува гордост, што за Скалфари е „револуционерно“ и фрла сомнеж на постоењето на пеколот.

Портпаролот на Ватикан Грег Брук вчера објави соопштение во кое се наведува дека разговорот меѓу папата и Скалфари бил „приватен состанок, без објавување интервју“, а текстот на новинарот објавен на насловната страница на „Ла Република“ го нарече „плод на неговата сопствена реконструкција“.

Брук предупредил дека ова не треба да се смета за верен транскрипт на зборовите на папата.

Папата и Скалфари се среќаваат петти пат откако е избран за поглавар на Католичката црква во 2013 година. И по претходните средби на Папата со Скалфари Ватикан ги коментирал текствите на „неверникот“.

Скалфари го прашал Папата за постоењето на пеколот, т.е. што се случува со душите на грешниците и каде се казнуваат.

-Не се казнуваат. Оние кои ќе се покајат, добиваат простување и влегуваат во редот на оние кои размислуваат за него, но оние кои нема да се покајат, не добиваат простување и исчезнуваат. Пеколот не постои, она што постои е исчезнувањето на грешните души, цитира Скалфари.

Официјално, Католичката црква го поддржува постоењето на пеколот.

„Учењето на црквата го потврдува постоењето на пеколот и неговата вечност. Веднаш по смртта душите на оние кои умреле во состојба на смртен грев  се спуштаат во пеколот, каде што страдаат во неговата акзна, вечниот оган“, се наведува во Катехизмот на Католичката црква, официјален компендиум на католичкото учење.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно