Паника на Волстрит, реакција и од Белата куќа

Паника на Волстрит, реакција и од Белата куќа


Паника завладеа синоќа на Волстрит, каде главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија, за која претседталот на САД Доналд Трам редовно упатуваше пофалби.

Дау Џонс Индастријал Афериџ нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. 

Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Дау Џонс падна за околу 4,60 отсто. 

Технолошкиот индекс Насдак загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно