Палестинец нашол гробници стари 2.000 години во својот двор

Палестинец нашол гробници стари 2.000 години во својот двор


Палестинецот Абделкарим ал Кафарна открил древни гробници во дворот на неговата куќа во Појасот Газа.

Според „Associated Press“ тој нашол девет гробници во кои биле најдени коски и глинени садови. Археолозите во Газа сметаат дека гробниците се стари 2.000 години и дека припаѓаат на некогашни жители на римското царство. 

Сепак нагласуваат дека е потребно да се направат дополнителни анализи за да се одреди точната старост на гробниците. 

Абделкарим вели дека ги открил гробниците сосема случајно откако после обилни врнежи дожд дошло до лизгање на слој од земјиштето во неговиот двор.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно