Оваа жена е монструм: Изгладнела дете до смрт, од причината и начинот ќе ви се згрози (ВИДЕО)

Оваа жена е монструм: Изгладнела дете до смрт, од причината и начинот ќе ви се згрози (ВИДЕО)


На снимката можело да се види како мајката го држи момчето, изговара молитви и на разни јазици го повикува Бог. Покрај неа стои нејзиниот сопруг, еден свештеник и други верници.

Бенџамин Апаричи (2) од Далас починал од глад откако родителите повеќе од три седмици не му давале да јаде затоа што верувале дека е опседнат од ѓаволот. Родителите посетиле некоја свештеничка која што им рекла дека не треба да му даваат јадење на 2-годишното дете за ѓаволот да го напушти неговото тело. 

На страшните снимки кои што биле објавени за време на судскиот процес, било прикажано како изгладнетото дете е „коски и кожа“ непосредно пред да почине од глад. На снимката можело да се види како мајката го држи момчето, изговара молитви и на разни јазици го повикува Бог. Покрај неа стои нејзиниот сопруг, еден свештеник и други верници.


Пред судот била објавена и снимка од тоа како родителите го удираат детето чиј што плач јасно може да се слушне. Свештеничката пред судот рекла дека го направила тоа што Бог го побарал од неа за да го исчисти детето од „нечистите сили“. Една од сведоците, Назарет Зурита рекла дека Меза ги познавала родителите на Бенџамин и пред тој да се роди, а тие не смееле да ја пријават смртта на нивното дете затоа што биле илегални имигранти.


Зурита открила дека следбениците на Меза живелее со неа и со сопругот во еден вид на мала заедница. Таа ги уверила родителите дека знае како се прави егзорцизам и се истеруваат демони. Таа на крајот била осудена на 99 години затворска казна.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно