Оваа европска метропола е сe поопасна: Според бројот на убиства го надминал Њујорјк, а голем број на злосторства се извршени со нож

Оваа европска метропола е сe поопасна: Според бројот на убиства го надминал Њујорјк, а голем број на злосторства се извршени со нож

Од 46 убиства во 2018. година, кои ги истражувала Метрополитен полицијата, 31. се извршени со нож.

Лондон според бројот на извршени убиства оваа година прв пат во модерната историја го поминал Њујорк, пишува "Sunday times". Во февруари и март оваа година, во Лондон се убиени 37 лица, а во Њујорк 35, покажале статистиките. Како што пренесува "BBC", од почетокот на годината, 46 лица во Лондон биле избодени до смрт, застрелани или повредени, додека во Њујорк биле забележани 50 такви случаи.

"Гледаме како вирусот на насилства се шири. Тоа е ендемско во толку различни делови на општеството. Тоа може да се реши само на холистички начин. Од овој проблем не може да се излезе само со полициско апсење или претреси. Тоа мора да се направи во соработка со заедниците", рекол тој. Градското собрание соопштило дека е многу загрижено поради порастот на криминал со помош на ножеви, но истакнало и дека Лондон останува еден од најбезбедните светски градови. "Едно убиство е едно повеќе, а ние работиме напорно со нашите партнери за да го разбереме порастот и правиме се што можеме да ја спречиме оваа трагедија", рекол портпаролот на полицијата.

Во февруари, полицискиот комесар Кресида Дик ја посетила полицијата во Глазгов за да стекне знаење за пристапот на јавното здравство, кое во Шкотска значително ја намалило стапката на убиства. Како што се наведува, во план е Дик да оди на повеќе патувања на кои ќе стекне повеќе знаење, и тоа во Њујорк, Западен Мидлендс, Дарем, Авон и Сомерсет. Во меѓувреме, британската влада започнала серија реклами, во вредност од 1,3 милиони фунти, кои ќе се емитуваат преку социјалните мрежи, за младите на возраст од 10 до 21 година да се одвратат од криминалот со помош на нож.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно