ОВА СЕЕ СТРАВ: Зошто Република Српска се вооружува?

ОВА СЕЕ СТРАВ: Зошто Република Српска се вооружува?


Полицијата на Република Српска ќе набави 2.500 автоматски пушки од Србија. Тие наводно ќе се користат за антитерористички операции, а пратката треба да биде испорачана во март.

Оружјето на ентитетот на босанските Срби, чиј претседател Милорад Додик одамна се заканува со отцепување од Босна и Херцеговина, ќе пристигне неколку дена пред отворањето на контроверзниот антитерористички центар во кој обуката ќе ја водат руски советници, пишува британски Гардијан. Властите на Република Српска наведуваат дека нивната полиција тренира со американски, а не со руски сили. 

Но,во соопштението од Бања Лука не се наведува дали во иднина безбедносните сили ќе соработуваат со Русите во обуката. Како што пишува британскиот весник, Дејтонскиот договор ја заврши војната, но во исто време создаде систем на власт кој ја наградува националистичката политика. 

За очајната состојба во БиХ најдобро сведочи фактот што таа ја има официјално највисоката стапка на невработеност на младите во светот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно