Откриени планови за терористички напади на мундијалот

Откриени планови за терористички напади на мундијалот


Терористите на ИСИС му се закануваат на Светското првенство во Русија, а според најновите информации планираат да извршат напади со дронови.

По скандалозните фото-монтажи каде што Лионел Меси и Нејмар се прикажани како мртви или ножот им е на врат, англиските медиуми дојдоа до информации дека се шират фотографии со дронови, кои терористите планираат да ги искористат при нападите. Наводно, терористите планираат на дроновите да постават бомби и експлозиви, кои потоа би биле фрлени на навивачите и играчите.

Да потсетиме, фудбалски натпревар веќе еднаш беше мета на Исламска држава, кога на стадион во Франција во крвавата ноќ во серијата терористички напади беа извршени серија терористички напади пред мечот Франција-Германија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно