Орлите им го зедоа скалпот на патриотите

Орлите им го зедоа скалпот на патриотите


Филаделфија иглс е новиот шампион на НФЛ-лигата откако во фантастичното Супербоул-финале оваа екипа го симна од тронот ланскиот шампион Њу Ингланд патриотс со резултат 41-33.

Том Брејди го заврши мечот со рекордни 505 јарди и три тачдауни, но сепак ја имаше улогата на трагичар поради загубената топка во клучните моменти, на две минути до крајот.

Вечерашното финале беше дуел што урна бројни рекорди, плејоф пресметка со најмногу вкупно освоени јарди на двата тима (1155), исто така прв супербоул дуел во кој двата тима имаа над 32 поени, за на крајот на големата победа да се радуваат играчите на Филаделфија.

Впрочем, оваа екипа водеше во поголемиот дел од средбата, а „патриотите“ првпат поведоа на помалку од десет минути до крајот, со минимални 33-32. Филаделфија одговори на вистински начин, со тачдаун преку одличниот Ерц, по што не беше искористена можноста за „плус два“, со што Филаделфија ќе имаше осигурано најмалку продолжение. Њу Ингланд доби последна шанса на 2:21 минута до крајот, со еден тајмаут како џокер за Том Брејди. Квотербекот на „патриотите“, кој дотогаш имаше фантастични 465 јарди и три тачдауни, потклекна во клучните моменти и дозволи да му биде одземена топката при исфрлање. „Орлите“ од Филаделфија потрошија уште дел од времето, па погодија шут од 42 јарди за „плус осум“ (41-33), на една минута до крајот. Чудо сепак не се случи, па Филаделфија заслужено стигна до трофејот, прв за „орлите“ во клупската историја.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно