Оливер Драгоевиќ: Немам сила, не можам ниту да одам

Оливер Драгоевиќ: Немам сила, не можам ниту да одам


Популарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ нема да може да си ја земе наградата за животно дело „Порин”.

Оливер е толку исцрпен од болеста што нема да може да застане на нозе и да си ја земе наградата иако во почетокот бил убеден дека лично ќе ја прими. – Би било убаво да сум таму, знам дека и луѓето тоа го сакаат, но мислам дека би ми дошло премногу во оваа фаза на опоравување. 

Слаб сум на нозете. Сето тоа е нормално во оваа фаза, терапиите ме ослабеа, рече Оливер, кој се одмора во својот дом во Сплит.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно