Олимпијакос жестоко казнет поради инцидентите предизвикани од навивачите (Видео)

Олимпијакос жестоко казнет поради инцидентите предизвикани од навивачите (Видео)


Олимпијакос во моментов заостанува на табелата зад ривалите АЕК и ПАОК, а таа разлика ќе биде дополнително зголемена поради казната која денеска му е доделена на клубот од Пиреја.

Поради дивеењето на навивачите на Олимпијакос на дербито со АЕК, дисциплинската комисија му одзеде три бода на актуелниот првак, а истовремено следните две средби на домашен терен ќе ги игра без публика. 

Навивачите на Олимпијакос збеснаа поради поразот од АЕК и влетаа на теренот каде имаа жесток судир со полицијата, а инциденти правеа и пред и по средбата на која нивниот тим беше домаќин. 

Поради казната, Олимпијакос ќе ги пречека Паниониос и Панатинаикос без публика, a ќе има заостанување и од девет бодови зад лидерот ПАОК.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно