Охриѓанка од Швајцарија, дава 1.000 евра да и се најде кучето

Охриѓанка од Швајцарија, дава 1.000 евра да и се најде кучето


Милена Перин, Македонка од охридско, која долги години со семејството живее и работи во Швајцарија, нуди награда од 1.000 евра на оној кој ќе го најде нејзиниот миленик Спок, куче од расата Англиски Спрингер Шпаниел.

Вели дека нејзиното семејство е очајно откако се изгубил Спок, четири годишниот миленик, и како ќе останела во Македонија се додека не се најдел.

-Спок има четири години, има чип, пасош… Се работи за куче со педигре, тој е дел од нашето семејство. Имаме уште едно куче, но без Спок не се враќаме назад во Швајцарија. Многу сме приврзани за него, затоа и даваме висока парична награда за оној кој ќе ни го најде. Значи, не се шега тие пари кои ги нудиме, не 1.000 денари, туку 1.000 евра ги даваме од срце! – раскажува Милена за ,,Фокус’’, додавајќи дека целото семејство тагувало со денови.

-Се разболевме сите дома. За нас Спок нема цена! Се плашиме евентуално да не е изнесен од државата, бидејќи е многу редок примерок, единствен е во Македонија, и нема друго овде од истата раса – вели очајната сопственичка на Спок. Таа апелира, доколку некој го забележи, да го задржи и да ја побара на мобилен. На пронаоѓачот веднаш ќе му била исплатена сумата од 1.000 евра. Нејзиниот телефонски број е 070 322 635.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно