Охрид домаќин на Димитров и Коѕијас

Охрид домаќин на Димитров и Коѕијас


Во четврток на 12 април во Охрид, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, според добро избрифирани информации во грчките новинарски кругови.

Според истите информации министерот за надворешни работи на Грција ќе замине на мини балканска турнеја. Прво ќе го посети Белград, потоа ќе пристигне во Охрид, за на крај да ја посети Приштина.

Ова ќе биде трета средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас за помалку од еден месец.

Според грчките медиуми, доколку има напредок во преговорите, тогаш не е исклучена можноста да има средба и на премиерите на двете земји.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно