ОГРОМЕН СКАНДАЛ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Родители тврдат дека им го изгубиле бебето (ВИДЕО)

ОГРОМЕН СКАНДАЛ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Родители тврдат дека им го изгубиле бебето (ВИДЕО)


Јован кој на ГАК бил со членови од семејството е револтиран зошто ги излажале дека бебето е кај мајката, кога неговата сопруга која била породена со царски рез е на одделот за Интензивна каде не носат новороденчиња.

Драма на Клиниката за Гинекологија, родители обвинуваат дека им го нема бебето. Јован Волчев од Скопје цел ден барал да ја види ќерката што се родила вчера.

По неколкучасовни шетања низ клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето, на крај му покажале бебе на кое пишувало Василевска па прецртано и напишано Волчева. Јован, видно вознемирен, по се што слушнал денеска за ТВ Сител вели дека се сомнева дека ја видел својата ќерка.

– Ми рекоа во девет часот има визита дојдете подоцна, отидовме во десет и тогаш ми викаат такво бебе со тоа име нема, но дојдете накај 11.30, отидовме и пак викаат не може да го видите заради историјата на мајката а подоцна кога ве повикав и вас ми покажаа бебе со презиме Василевска, но од кај да знам јас дека тоа е мое бебе може има повеќе василевски во болницата, вели за Сител Јован Волчев од Скопје.Јован кој на ГАК бил со членови од семејството е револтиран зошто ги излажале дека бебето е кај мајката, кога неговата сопруга која била породена со царски рез е на одделот за Интензивна каде не носат новороденчиња.

– Викаат кај мајката е, јас и ѕвонам таа вика не. И она не го видела од вчера, сака да го види, вели ЈованЈован повика и полиција која дојде на Клиниката, направи записник и зема изјави од сите инволвирани страни. Вели дека ќе бараат и ДНК тест за да знаат кое дете ќе го изнесат од болница. Покрај со медицинскиот персонал, Волчеви имале проблем и со клиничкото обезбедување кое според изјавите на пациенти биле под дејство на алкохол а и се закануваа и на екипата на Сител употребувајќи вулгарни зборови.

– Ме туркаа, беа некултурни, а и мирисаа на алкохол, вели ЈованОд ГАК за Сител изјавиле дека немале сериозен проблем со бебињата и дека се настанало поради гужвата на клиниката и недоволниот број на медицински персонал. За една недела ова е втор скандал на Гинекологија откако претходната недела имаше замена на новбороденчиња, кое за среќа заврши без сериозни последици.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно