Огромен дел од Србите, го мразат НАТО

Огромен дел од Србите, го мразат НАТО


Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО,

Две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето. Тоа се резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања.

Денеска се одбележува 19-тата годишнина од воената операција на НАТО против Србија. Како главна причина за 78-дневната операција, раководството на НАТО го посочи спречувањето на геноцидот на албанското население во Косово.

Извинување од НАТО не би прифатиле два проценти од испитаниците, додека една третина, претежно млади луѓе, би прифатиле. Според 68 отсто анкетирани, Србија не може да има корист од членството во НАТО.

Институтот за европски прашања забележува дека 19 години по бомбардирањето се уште не е потврдена одговорноста на политичките елити за политиката во деведесеттите години, а државните институции не го утврдиле ниту приближно број на жртвите на бомбардирањето.

Повикувајќи се на податоци на Фондот за хуманитарно право, Институтот за европски прашања наведува дека во бомбардирањето на НАТО против СРЈ биле убиени вкупно 758 лица.

Анкетата е спроведена од 16 до 20 март, на примерок од 1.203 граѓани.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно