Ограбена филијала на Шпаркасе банка во Кичево, приведено едно лице

Ограбена филијала на Шпаркасе банка во Кичево, приведено едно лице


Во Кичево денеска е ограбена филијала на Шпаркасе банка, лоцирана на главниот булевар на 50 метри од центарот на градот.

Во Кичево денеска е ограбена филијала на Шпаркасе банка, лоцирана на главниот булевар на 50 метри од центарот на градот. Полицијата приведе едно лице за кое се смета дека е поврзано со грабежот што се случи попладне околу 14 часот во филијала на „Шпаркасе банка“ во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. При претрес на приведениот е пронајдена одредена сума пари, рече Димоски. 

Ова е втор грабеж на филијалата на „Шпаркасе“ во Кичево за неколку недели.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно