Ограбен Музејот на Есма Реџепова, однесена дури и урната со пепелта на Стево Теодосиевски

Ограбен Музејот на Есма Реџепова, однесена дури и урната со пепелта на Стево Теодосиевски


Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно бил ограбен и во него нема ништо.

Кражбата се случила во периодот по нејзината смрт но никој, до денеска не влегол внатре, иако Есма Реџепова, во тестамент, пред својата смрт и го остави на државата.

Министерството за култура побарало стручни екипи од Музејот, од Кинотеката и другите институции да направат попис и проценка на сите работи кои биле во куќата на Есма Реџепова, како што се аудио материјалите, наградите од патувањата и друга вредна архивска граѓа која понатаму би се изложувала, чувала или репродуцирала. 

НО, КОМИСИИТЕ ИМАЛО ШТО ДА ВИДАТ. ПРВО НАИШЛЕ НА ЗАКЛУЧЕНА ВРАТА А НИКОЈ НЕ ЗНАЕЛ КАДЕ Е КЛУЧОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФОНДАЦИЈАТА КОИ БЕА ОКОЛУ ЕСМА РЕЏЕПОВА И ЧИЕ СЕДИШТЕ БИЛО РЕГИСТРИРАНО НА КАЛЕ. 

Била повикана асистенција од полиција, ја отвориле вратата, но внатре се било украдено и однесено. Ѕидовите биле празни, а останале само неколку плакати и постери. Според пораталот Сведок, постојат сомневања дека била однесена и урната со пепелта на Стево Теодосиевски, сопругот на Есма, кој бил кремиран, а урната се чувала во куќата. На тоа место останал само крстот. 

-Денеска, на 30.03.2018 година пријавено е дека во периодот од 12.12.2016 до 30.03.2018 година од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба во музејот на Есма Реџепова лоциран на улицата „Самоилова“ при што се преземени мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот – соопшти МВР за Сведок.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно