Од Тодор Александров украле 750.000 денари

Од Тодор Александров украле 750.000 денари


Непознат сторител извршил тешка кражба во катната гаража „Тодор Александров" во Скопје и направил штета од 750.000 денари.

Украдени се 30 рачки за тешка пена и 30 главни приклучоци за хидрантско црево, а кражбата во полицијата ја пријавиле од Јавното претпријатие „Градски паркинг-Скопје". Според МВР, кражбата се случила во период од 30 март до 3 април. Сторителот делото го сторил така што откако влегол во гаражата се упатил на 2-риот и 7-миот кат од гаражата, дошол до хидрантските шкафчиња.

Со употреба на погоден предмет, каде со употреба на погоден предмет ги отворил и одзел наведените работи по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 750.000 денари. Се работи на расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно