Од понеделник 1.500 затвореници на слобода

Од понеделник 1.500 затвореници на слобода


Стапи на сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистрибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им изрекле затворски казни. Се очекува од понеделник на слобода да излезат првите амнестирани затвореници.

Од Управата за извршување на санкции велат дека затворите во земјава ги подготвуваат предметите на затворениците, кои согласно законт треба да се ослободат. Во понеделник целокупната документација треба да биде доставена на рака до судовите.

Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија. До скопска единица веќе се пристигнати стотина предмети, поради што можно е судот да работи и за викендов. Од таму велат дека очекуваат околу 1.500 решенија.

Со Законот за амнестија кој се донесе на 15-ти месецов целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно