Од Босна бегаат и попови и оџи.

Од Босна бегаат и попови и оџи.


Лани од БиХ си заминале 35.000 луѓе од кои повеќето млади и високообразовани. Освен меѓу лекари, професори, фризери, заварувачи, има и свештени лица кои заминуваат во странство и работат нешто сосема друго. 

На овој проблем посочија и од Католичката црква. 

Една бискупија лани останала без шест свои членови, отишле на Запад, а седум други најавиле дека ќе заминат. 

Ефендијата Хасан Џафиќ по 19 години поминати како верско лице во БиХ отишол во Германија за да биде негувател. 

Тој вели дека економскиот момент е пресуден, и дека со плата на имам може да се живее во БиХ, но дали тоа е доволно?

Вели дека за подобро да живее во БиХ освен платата на имам, мора да заработи и хонорар. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно