Обвинителството со истрага за Катица Јанева – се сомничи за незаконско постапување

Обвинителството со истрага за Катица Јанева – се сомничи за незаконско постапување


Обвинителството отвори предистражна постапка за специјалната обвинителка Катица Јанева.

Постапува по поднесените кривични пријави од судијата Владимир Панчевски, за одлуката гевгелискиот суд да одобри наредба за претрес кај Панчевски дома и во судот. 

Тој пред речиси четири месеци поднесе три кривични пријави кои сега обвинителството ги споило во еден предмет на кој веќе се работи. Сепак, нема детали кои мерки веќе се преземени и дали се сослушани специјалната обвинителка Катица Јанева и судијката Злата Попова од Гевгелија која ја одобри наредбата за претрес кај Панчевски. Во октомври лани СЈО одзеде компјутери и мобилни телефони од поранешниот претседател на Кривичниот суд. 

Јанева се сомнева дека местел нивни предмети кај судии за кои сметал дека му се од доверба и имал директен пристап до АКМИС системот за електронска распределба на случаите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно