Обвинението за Кољо, ќе биде проширено и надградено

Обвинението за Кољо, ќе биде проширено и надградено


Од обвинителството звелат дека сега Митревски ќе биде повикан на распит по што се очекува дека обвинението ќе биде проширено и за него.

Никола Митревски – Кољо кој сам се предаде, а беше во бегство четири месеци  цело време се криел во земјава.Тој вчера се предаде во полициска станица како еден од осомничените за настаните на 27 април во Собранието. Но, не кажал ништо повеќе, ниту каде точно, ниту со кого се криел. Од обвинителството звелат дека сега Митревски ќе биде повикан на распит по што се очекува дека обвинението ќе биде проширено и за него.

Тој е еден од четворицата осомничени кои ги нема во обвинителниот акт за крвавиот четврток, бидејќи беа недостапни на полицијата. Меѓу останатите кои се уште се бараат со меѓународна потерница се и другарот на Кољо, Александар Василевски Нинџа како и Давидовски Дејан и Питроповски Митре.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно