Обезглавена птица цела недела е жива

Обезглавена птица цела недела е жива


Свештеници од Тајланд посвоиле обезглавена кокошка која и по една недела откако останала без глава, е понатаму жива.

Неверојатната птица е пронајдена во округот Муеанг Рачабури во централен Тајланд, а ветеринарот кој на почетокот се грижел за неа ја нарекол “вистински војник”. 

Иако нема глава, оваа кокошка има заштитници кои ја хранат и ја негуваат со цел подолго да остане жива. Ветеринарот ја хранел со вбризгување на храна директно во вратот, а на истиот начин ѝ давал и антибиотици.

Сè уште не е јасно како оваа кокошка останала без глава, но локалните жители велат дека можеби ја нападнало некое животно.

Колку што е познато, кокошката која најдолго преживеала без глава била кокошката Мајк од Јута, Америка, која живеела 18 месеци откако ја изгубила главата – од 1945 до 1947 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно