Новоградбите во трговскиот центар се дивоградби-Илчо Захариев да сноси и кривична и материјална одговорност

Новоградбите во трговскиот центар се дивоградби-Илчо Захариев да сноси и кривична и материјална одговорност


И двете градежни одобренија за доградба и реконструкција на трговскиот центар во Штип се поништени од страна на Министерството за транспорт и врски.

Тоа значи дека постапката и за надворешниот и внатрешниот дел од од објектот се враќа од почеток. Во своите решенија Министерството констатирало низа прекршувања на Законот за градење. Недостигале документи. Дури ни градежното одобрение не е прецизно и не е јасно за што се однесува дали за доградба, надградба или реконструкција, а немало приложено и проект како ќе се реши паркирањето за новоизградениот дел.

За адвокатите на компаниите кои имаат деловен простор во овој објект, поништените решенија се потврда дека постапката од страна на претходната локална власт била прекршена од почеток и покрај предупредувањата дека со тоа во центарот на Штип ќе никне дивоградба.
„Првостепениот орган во повторената постапка, ќе мора доследно да ги почитува напаствијата на второстепениот орган, на начин на кој ќе ги обезбеди сите докази на кои се укажува и ќе ги толкува одредбите со кои се повредени материјалните прописи на начин на и во врска како што ги толкува второстепениот орган“ - вели Панче Докузов, адвокат
Од општина Штип како орган надлежен за издавање на градежните одобренија, со краток одговор - дека општината ќе го почитува Законот.
„Се што ќе се докаже во повторената управна постапка по овој предмет и за сите наоди благовремено ќе бидат известени сите заинтересирани странки, коишто добија статус на странки во постапката“ - велат од општина Штип.
Претходно по жалба на дел од сопствениците на деловен простор во овој објект исти одлуки, постапката да почне од почеток донесе и Вишиот Управен суд, но претходната Локална власт ги игнонираше пресудите.
Општината кажа дека ќе постапи согласно Законите и насоките дадени од надлежните институции.Сепак дали тоа е доволно.Општината мора за ние граѓаните да не плаќаме оштети најнапред да поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Илчо Захариев(идеен творец на дивоградбите) , бидејќи ја злоупотребил службената положба и овластувања.Воедно општината да покрене и кривична пријава против Основното јавно обвинителство , кое не постапи согласно законот, туку стана соучесник во криминалните дејанија на Захариев.
Потоа општината Штип да поднесе тужба за надомест на штета против Илчо Захариев.Мора еднаш во оваа држава штеточинителите да платат од својот џеб, а не од џебот на граѓаните.
Трето што може да направи, да ги отстрани од работа, односно да им даде отказни решенија на сите што учествуваа во создавањето на дивоградбите во трговскиот ( и не само таму), кои дури на седница на тогашниот состав на советот тврдеа дека се` е согласно Законот.Сега согласно Законот да сносат одговорност.Повеќе никој не смее да се крие зад колективната одговорност.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно