Новинар сакаше да биде Роналдо, па ја скрши ногата(видео)

Новинар сакаше да биде Роналдо, па ја скрши ногата(видео)


Голот на Кристијано Роналдо со ножички постигнат минатата недела во дуелот на Реал Мадрид против Јувентус предизвика одушевување во целиот свет, но и инспирира многумина да пробаат да ја повторат неговата мајсторија.

Еден од нив е и аргентинскиот новинар Мануел Санчез од ТВ-станицата „Ел Доче“, кој во директен пренос сакаше да го направи тоа што му успеа на Португалецот во Торино. Имитаторот заедно со снимател и продуцент и потпомогнат од мек душек да го ублажи падот проба да направи идентични ножички, но сѐ што успеа е да ја скрши левата нога на која ја пренесе целата тежина при неуспешниот шут. Заклучокот на Санчез е идентичен како и предупредувањето на филмовите кога се случуваат опасни сцени, а тоа е дека постојат работи кои не треба да се пробуваат дома и треба да им се остават само на професионалците.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно