Нови подобри правила за фудбалски наградувања

Нови подобри правила за фудбалски наградувања


Најмногу може да добие Реал Мадрид кој во иднина за секоја титула би заработил по 114 милиони евра и тоа пред распределбата на маркетиншкиот дел.

Газета дело спорт ексклузивно ја објави наводната трансформација на поделба на средствата од Лигата на шампионите кога станува збор за четирите најсилни лиги: Англија, Шпанија, Италија и Германија.

Секој клуб од овие четири држави кој ќе се пласира во групната фаза ќе добие најмалку по 15 милиони евра. Распределбата на останатите средства ќе зависи од неколку услови, а новина е воведувањето на категоријата “историски резултати”.

Ќе постојат четири категории: пазарната вредност со 15%, учеството со 25%, резултатите во сезоната со 30% и историските резултати во Лигата на шампионите уште 30%.

Тоа значи дека Интер и Милан, поради своите успеси во ова натпреварување, само за учество би заработиле повеќе од Наполи и Рома. Најмногу може да добие Реал Мадрид кој во иднина за секоја титула би заработил по 114 милиони евра и тоа пред распределбата на маркетиншкиот дел.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно