Нови детали за случајот кој го тресе светот: Мистериозен човек дошол во Британија со истиот авион како и Јулија Скрипал, постои сомнение дека тој го носел отровот

Нови детали за случајот кој го тресе светот: Мистериозен човек дошол во Британија со истиот авион како и Јулија Скрипал, постои сомнение дека тој го носел отровот


Еден руски државјанин патувал со истиот авион за Велика Британија како и Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот агент Сергеј Скрипал.

Се верува дека тој би можел да биде вмешан во труењето на Јулија и Сергеј, кое се случило на 4. март во Салисбери во Велика Британија. Ова "сомнително лице" пристигнало во Велика Британија со лет на "Аерофлот" на 3. март, само ден пред инцидентот. 

Само неколку часа подоцна, ова лице се вратило назад во Москва. Како што пренесуваат британските медиуми, се верува дека уште неколку луѓе би можеле да бидат предмет на истрага.

Засега, станува збор за мистериозно лице, а Британија ќе се обиде да утврди дали е поврзано со случајот Сергеј Скрипал. Британскиот пратеник Џон Глан прашал кој се бил на истиот лет со Јулија и како отровот дошол во градот. "Кој имало во авионот? 

Дали тоа лице се вратило во Москва во наредните неколку часа?", прашал тој, додавајќи дека не е прашање дали отровот пристигнал во Британија, туку како. Потсетуваме, Јулија Скрипал се опоравува во болница, а нејзиниот татко и натаму е во критична состојба.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно