Нимиц-Многу е квалификувана македонската влада

Нимиц-Многу е квалификувана македонската влада


Мислам дека владата тука е многу квалификувана да го штити идентитетот на својот народ.

Медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со министерот за надворешени работи, Никола Димитров изјави дека иако има разлики во ставовите на двете земји сепак во Атина не слушнал негирање на идентитетот на македонскиот народ.

-Мислам дека владата тука е многу квалификувана да го штити идентитетот на својот народ. Не мислам дека луѓето треба да се грижат дека имаат Влада која ќе преговара за прашања поврзани со идентитетот, рече Нимиц.

Според него, решението кое што е можно е конзистентно со зачувување, па дури и јакнење на идентитетот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно