Никола Димитров се сретна со папата Франциско

Никола Димитров се сретна со папата Франциско


Пред почетокот на конференцијата министерот Димитров и останатите шефови на делегации во Ватикан беа примени на аудиенција кај папата Франциско.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска во Рим учествуваше на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, којашто се одржа во рамки на италијанското претседавање со ОБСЕ. Пред почетокот на конференцијата министерот Димитров и останатите шефови на делегации во Ватикан беа примени на аудиенција кај папата Франциско.

Во обраќањето на Конференцијата Димитров истакнал дека определбата на Република Македонија како мултикултурна и мултиетничка држава е да ги почитува човековите права и слободи на сите свои граѓани и го истакна значењето на еврејската заедница во Република Македонија која иако не е многубројна, има посебен придонес во збогатувањето на културниот мозаик, традиции и врски на земјата. Тој исто така нагласил дека во Република Македонија досега не е забележан ниту еден антисемитски инцидент. 

На маргините на конференцијата Димитров се сретнал италијанскиот колега Анџелино Алфано и со шефицата на дипломатијата на Австрија, Карин Кнајсел. 

На средбата со Кнајсел се разговарало за активностите и реформите кои ги презема Владата на Република Македонија со цел интеграција во ЕУ и НАТО. Таа, како што соопшти МНР, ја поздравила политиката на Владата во делот на домашната реформска агенда и односите кон соседите и го пофалила Договор за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како резултат и успех на билатералната дипломатија. На средбата со италијанскиот министер Алфано, Димитров се заблагодарил за поддршката и активностите на Италија за земјите од Западен Балкан дадена во рамките на Берлинскиот процес и Самитот во Трст, како и принципиелната подршка на Италија за европската иднина на Република Македонија, која е од интерес и за Италија и за Европа

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно