Никогаш нема да бидам пријател со Роналдо

Никогаш нема да бидам пријател со Роналдо


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, рече дека не верува дека некогаш ќе стане пријател на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

 Аргентинецот и португалецот се менуваат на врвот на светскиот фудбал од 2008 година, а во последните 10 години ја освоија по 5 пати „Златната топка“. Иако тие се двата најголеми ривали во шпанскиот фудбал, Роналдо неодамна изјави дека верува дека тој и Меси би можеле да станат пријатели откако ќе завршат со фудбалот. Но, пред списанието „World Soccer“, Меси изрази скептицизам во врска со оваа можност. 

„Не знам дали некогаш ќе станеме пријатели. Пријателството се гради кога ќе поминеш време заедно и ќе се познаваш добро. Ние немаме таква врска, бидејќи ние се гледаме само на различни церемонии, а тоа е единствениот пат кога зборуваме. Се е во ред помеѓу нас, но нашите животни патеки едноставно не се пресекуваат“, рече Меси.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно