NHL ја напушта еден од најдобрите хокеари

NHL ја напушта еден од најдобрите хокеари


Еден од најголемите хокеари на сите времиња, Чехот Јаромир Јагр, го раскина договорот со Калгари Флејмс и си замина од НХЛ-лигата, а негова наредна дестинација ќе биде во татковината.

Јагр, кој има 45 години, ќе биде дел од второлигашот Кладно кој сака влез меѓу најдобрите. Причината за заминување од НХЛ се повредите, но од Калгари најавија дека ќе го повикаат назад ако им биде потребен во доигрувањето на вториот дел од сезоната.

Јагр во НХЛ-лигата одигра 1.733 меча и е трет хокеар со најмногу настапи. Исто така тој е трет и на вечната листа по бројот на голови - вкупно 766, а зад своето име има и 1.155 асистенции и 1.921 поени.

Чехот, кој нема да патува со репрезентацијата на Зимските Олимписки Игри, исто така е освојувач и на два Стенли купа. Беше дел од НХЛ-лигата уште од 1990 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно