Невил ги распарчи Џоунс и Смолинг Тие се катастрофа

Невил ги распарчи Џоунс и Смолинг Тие се катастрофа


На последните два гостински натпревари, Џоунс и Смолинг беа вистинска катастрофа.

Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз на гостувањата во Премиер лигата, а иако вчера го надигра Њукасл во најголем дел од мечот, сепак еден момент на невнимание во одбраната скапо го казнија домаќините од „Ст. Џејмс парк“ кои остварија исклучително важна победа во битката за опстанок.

За тимот на Жозе Мурињо ова беше втор последователен пораз на гостувањата по она на „Вембли“ во дербито со Тотенхем, а токму овие два дуели му послужија за пример на Фил Невил за да испрати жестоки критики на сметка на стоперскиот двоец на тимот.

Според поранешниот дефанзивец на Фил, нивото кое го прикажаа Џоунс и Смолинг на овие два натпревари е неприфатливо во Јунајтед, па воопшто не се штедеше јавно да ги опомене и со зборови да ги „распарчи“ за нивните бледи изданија.

– Манчестер Јунајтед го има најдобриот дефанзивен рекорд во Премиер лигата само поради тоа што го има најдобриот голман во светот во Давид Де Хеа, и поради тоа што го има Немања Матиќ кој ги штити дефанзивците од нападите на противниците. Но, на последните два гостински натпревари, Џоунс и Смолинг беа вистинска катастрофа. Тие беа понижени од Деле Али и Кејн, против Њукасл немаа некои директни грешки, но постојано внесуваа тензија и нервоза со своите постапки, – смета Невил.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно