Несоборливи докази дека хемискиот напад е дел од рософобијата

Несоборливи докази дека хемискиот напад е дел од рософобијата


Москва има „непобитни“ податоци дека инцидентот во сириска Дума бил изведен од страна на разузнавачките служби на странска држава, која спроведува „русофобична кампања“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Имаме неоспорни докази дека ова е уште едно лажирање, а во него учествувале специјалните служби на државата што ја предводи русофобичната кампања“, рече Лавров денеска на прес-конференција со својот холандски колега Стеф Блок, пренесува Раша тудеј.

За време на нивниот состанок во Москва, двајцата дипломати зборувале за Сирија, на која од неодамна ѝ се закануваат нови воени напади по наводниот хемиски напад. Некои западни лидери, меѓу кои и од САД и од Франција, тврдат дека сириската влада стои зад наводниот инцидент.

Во екот на интензивирањето на воинствената реторика Лавров предупреди да не се повтори либиското и ирачкото сценарио.

„Не дај боже во Сирија да се преземе нешто авантуристичко, слично на либиското или ирачкото искуство... Се надевам дека никој нема да се осмели“, изјави Лавров за новинарите.

Во тој случај, нов бран бегалци ќе се пренасочат кон Европа и во други правци, предупреди министерот за надворешни работи. Сепак, ова сценарио не ги загрозува оние „што се заштитени со океан“ и можат да го разорат регионот само поради геополитички интереси, рече тој.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно