Нема државни пари-ТВ Нова во стечај

Нема државни пари-ТВ Нова во стечај


Основен Суд Скопје 2 Скопје од 23.03.2018 година во трговско радиодифузно друштво телевизија Нова донесе решение со кое се одобрува пријавата за започнување претстечајна постапка.

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по службена должност за упис на решение за поведување на претходна постапка на Основен Суд Скопје 2 Скопје од 23.03.2018 година во трговско радиодифузно друштво телевизија Нова донесе решение со кое се одобрува пријавата за започнување претстечајна постапка.Со Решение I СТ-93/18 од 23.03.2018 година на Основен суд Скопје 2 Скопје. Се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над должникот Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје. Се закажува рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање на стечајна постапка на ден 24.04.2018 година во 13,15 часот, во судница број II на I-ви кат нов дел.Се опрделуваат следните мерки за обезбедување: За привремен стечаен управник се определува лице Владица Ивановска.Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите за управување на должникот за водење на работењето се до донесување на одлука за отворање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско финансиската состојба на должникот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно