Нема бурки во училиштата низ Австрија

Нема бурки во училиштата низ Австрија


Австриската влада има намера наскоро да го забрани носењето на марами во градинките и основните училишта за девојчињата од муслиманска вероисповед.

Прв со таа иницијатива во јавноста излезе вицеканцеларот и лидерот на десничарската партија „ФПО“, Хајнц-Кристијан Штрахе кој што порача дека треба да се воведе таа забрана за на девојчињата до десетата година да им биде овозможен развој без никакви пречки.

Според неговото мислење, забраната за носење на марами во градинките и училиштата ќе ја поттигне и ќе ја подобри интеграцијата на тие деца во австриското општество.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се огласи и ја прифати таа иницијатива на Штрахе, најавувајќи дека наскоро ќе се работи на воведување на соодветен закон. На седницата на австриската влада, според зборовите на Курц, веќе и била започната иницијатива за изработка на тој закон.

Себастијан Курц конкретно изјави дека сака надлежните министри - за образование Хајнц Фасман, прашања за жени Јулијан Богнер Штраус и министерката за интеграција Карин Кнајсел, да го изработат законот за заштита на децата.

За целосна примена на овој закон било потребно двотретинско мнозинство во австрискиот парламент, па за воведување на ваквиот закон владата на Себастијан Курц ќе мора да ја побара и поддршката на опозициските пратеници.

Курц објасни дека забраната за носење на марами и бурки во градинките и училиштата ќе биде корисна затоа што со тоа ќе се работи против развојот на паралелните општества во Австрија.

„Сите девојчиња во Австрија треба да добијат шанса за развој“, порача австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно