Неизвесно е дали ќе преживее телевизија НОВА

Неизвесно е дали ќе преживее телевизија НОВА


На телевизијата НОВА, во сопственост на бизнисменот, Сеад Кочан, подолго време и се заканува затворање. На вработените со месеци им доцни плата, фирмата до сега им должи пет неисплатени плати.

Поголем број од новинарите си заминаа одамна, а на оние кои останаа им се понудени две опции. Наводно им е понудено самите да си дадат отказ, во спротивно, како што велат, нивните договори ќе бидат замрзнати се додека ситуацијата не се реши. 

Од следната недела се очекува да биде скратена и програмата на телевизијата. Ќе биде емитуван материјал со поскромна содржина, затоа што вработените ќе бидат испратени дома. За овие информации побаравме официјална потврда од уредничката Билјана Трендафилова, но не добивме одговор. Ова е уште еден од бизнисите на Кочан кој е пред распаѓање. 

Неговата градежна компанија „Трансмет“, од некогаш најмоќна фирма во градежниот бизнис, сега се соочува со сериозни финансиски проблеми. Пред само неколку дена се повлече од договорот со ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, со што ќе сноси забрана за учество на државни тендери во следните 12 месеци. Вработените во „Трансмет“ со денови протестираа барајќи ги неисплатените плати. 

Сеад Кочан е обвинет во предмет на Специјалното јавно обвинителство, токму за тендер добиен од ЕЛЕМ во време на претходната власт. Телевизија НОВА почна да зрачи во македонскиот етер пред само две години.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно