Не се родиле сеуште во Македонија, Буковски и Јонг

Не се родиле сеуште во Македонија, Буковски и  Јонг


И децата пишуваат стихови, па не се поети.По таа аналогија, секој што напишал стихови не станал поет.И по таа аналогија во Македонија сеуште не се родиле такви авторитети како Чарлс Буковски или Ерика Јонг.

Токму затоа ниту една одбрана од ракав , не е довола на збирката “Млади поети“, што ја издаде Агенцијата за спорт и млади.

Откако во јавноста „пукна“ скандаот за стихозбирката „Млади поети“ во која во дел од песните се шири говор на омраза, дискриминација, сексизам и албанофобија, со реакција излезе директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој го осудува начинот на кој се шири говор на омраза во песните, но тврди дека иако чувствува морална одговорност и се извинува на јавноста, сепак нема да поднесе оставка.

„Јас како директор на Агенција за млади и спорт чувствувам морална одговорност и се извинувам. Јас ги утврдив чекорите како треба да се имплементира целиот проект, но не и содржината. Ќе ја детектирам вината и ќе излеземе со став по тоа прашање – истакна Каевски.

Тој додава дека веќе разговарал со претседателот на комисијата, кој му тврдел дека не сметале дека треба да прават селекција на песните.

„Претседателот смета дека тие не требале да прават селекција и дека секој има право на слобода на говор. Треба да има слобода на говор, но не тој да содржи говор на омраза и јас со тоа не се соогласувам. Комисијата, лекторот и издавачката куќа морале да ме известат за содржината во збирката од 44 песни. Ги повлекуваме сите печатени изданија. Нема повеќе место за говор на омраза и дискриминација – вели Каевски.

Според него, ќе биде направена истрага и ќе се утврдат виновниците, кои мора да сносат одговорност за настанатите пропусти.

Овој проект чинел 152 илјади денари.



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно