Не сакала да биде банкар, туку тестирач на секси играчки

Не сакала да биде банкар, туку тестирач на секси играчки


Кара Даглас ја напуштила својата стабилна работа, од која годишно земала од околу 60.000 долари во замена да биде тестер за секс играчки.

Нејзината работа е да ги тестира новостите во секс индустријата, има повеќе од 20 оргазми неделно и вели дека конечно се пронашла себе си.

Работа во канцеларија, корпорација, сето тоа за Кара било заморно и досадно. Сега таа пишува критики за вибраторите, лубрикантите, а во нејзината нова работа ѝ се придружил и нејзиниот сопруг Дерен. 

Таа сега тестира повеќе од 3.000 производи и потоа пишува на својот блог кој е добар за сите парови кои сакаат да пробаат нешто ново во сексуалниот живот.

"Заработувам двојно помалку отколку во банката, но двојно повеќе се забавувам. И тоа беше мојот мотив за да ја променам кариерата. Всушност, и сама секогаш сакав различни играчки така што ова совршено ми се совпадна", вели Кара за Метро. Таа раскажала дека нејзиниот и сексуалниот живот на нејзиниот партнер се променил на подобро откако се занимаваат со оваа работа.

Сексот е спорт, колку повеќе тренирате, толку поголеми резултати добивате.

"Мојот блог го посетуваат повеќе од 200.000 луѓе месечно. Тоа значи дека многумина ги интересира што и како се прави во кревет, а ова им е најлесниот начин за да дознаат", вели Кара.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно