Не бива двајца тројца, ајде и четврти фудбалер

Не бива двајца тројца, ајде и четврти фудбалер


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес официјално го потврди воведувањето на неколку нови правила, кои ќе стапат на сила од следната сезона во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Најзначајна промена е добивањето на четврта измена, која може да биде извршена во продолженијата при елиминациските натпревари.

Притоа, сите клубови на клупата ќе можат да сметаат на 12 резервни фудбалери, наместо досегашните 7, кои беа дел од групата на 18 фудбалери. Тоа им дава можност на тренерите да ги пријават сите 23 фудбалери и да имаат поголем избор при натпреварите. Се воведува и нова сатнива на натпреварите од Лигата на шампиони. Имено нема сите натпревари да започнуваат како до сега од 20:45, туку половината ќе бидат од терминот од 18:55, а останатите од 21:00 часот.

После групната фаза во Лигата на шампиони, секој клуб ќе има можност да пријави по тројца нови фудбалери.

Суперкупот на Европа оваа година ќе се одигра во Естонија на 15-ти август во 21:00 часот.

Клуб кој три пати со ред го освојувал трофејот на Лига Европа, или го подигнувал трофејот 5 или повеќе пати, ќе носи специјален амблем на дресовите, иако како и во Лигата на шампиони.

За следната сезона такво право ќе има единствено Севиља, која е петкратен победник на натпреварувањето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно