Навивачки изум:Гаѓање на тренер со петел

Навивачки изум:Гаѓање на тренер со петел


Во Русија често може да видиме навивачко лудило во различни видови, но вакво потег досега не е забележан. Колку и да звучи неверојатно, еден навивач од трибините на теренот фрли жив петел.

Рускиот второлигаш Луч-Енергија Владивосток во неделата одигра гостински натпревар против Факел Воронеж (3-1), а вниманието го привлече еден потег на гостински навивач.

Навивачот на гостите фрлил жив петел во правец на клупата и тренерот на Луч-Енергија, Александер Григорјан, па сега истиот се соочува со затворска казна.

Инаку, рускиот збор за петел во малку променет облик на руски јазик, се користи како синоним за „предавник“, а тоа го објаснува чудниот гест.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно