Навивач го фрли судијата во базенот

Навивач го фрли судијата во базенот


Ватерполо натпреварот меѓу Војводина и Црвена Звезда бил прекинат на две секунди до крајот, откако еден навивач на домашниот тим го турнал судијата во базенот.

Во самиот финиш Црвена Звезда израмнила на 7:7, а очигледно незадоволниот навивач, го турнал хрватскиот судија Марко Матијевиќ во водата. Откако овој се вратил на својата позиција, го прекинал натпреварот, по што сега за резултатот ќе решава дисциплинската комисија на регионалната лига.

Се очекува Црвена Звезда да го добие натпреварот со службен резултат 5:0, со што ќе го зголеми водството во А2 групата каде Војводина е на второто место.

">

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно