Насилници врз жени во Белата куќа

Насилници врз жени во Белата куќа


Портпаролката на Белата куќа, Раџ Шах, потврди дека Дејвид Соренсен, кој бил задолжен за пишување говори, поднел оставка откако Белата куќа дознала за обвиненија на негова сметка.

Шах рече дека Соренсен ги негирал обвинувањата за кои пишуваше Вашингтон пост.

Вашингтон пост објави дека поранешната сопруга на Соренсен тврди дека бил насилен и дека емоционално ја малтретирал за време на краткиот брак.

Претходно, во средата, секретарот на Белата куќа, Роб Портер, еден од најблиските соработници на американскиот претседател, поднесе оставка по обвинувањата дека ги злоупотребувал двете поранешни сопруги.

Тој исто така ги негираше обвиненијата.

Претседателот Трамп постави рекорд во сменувањата на персоналот во Белата куќа во првата година, вели Вашингтон пост.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно