Напаѓач со нож уби жена и рани 12 лица во трговски центар во Пекинг

Напаѓач со нож уби жена и рани 12 лица во трговски центар во Пекинг


Тој навел дека го извршил нападот „како израз на незадоволство“, но не прецизирал какво.

Жена е убиена и 12 луѓе се повредени откако маж нападна со нож посетители во трговски центар во пекиншкиот реон Сидан. Напаѓачот е приведени. Полицијата соопшти само дека е на возраст од 35 години. 

Тој навел дека го извршил нападот „како израз на незадоволство“, но не прецизирал какво. Повредените се хоспитализирани. Сидан се наоѓа во западниот дел од Пекинг. 

Таму се едни од најголемите и најпопуларни трговски центри на кинескиот главен град.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно